За нас

За нас

“Petreski Law Offices” им нуди на своите клиенти пријатна услуга и напорна работа при застапување во нивно име. Ние нудиме правично и ефикасно застапување како и економичност и ажурност при одговарање на потребите на нашите клиенти.

Ние сме адвокатско друштво кое на своите клиенти им нуди сигурност при застапувањето во различни области на правото. Веруваме дека е потребно навремено внимание на секој Ваш правен проблем со цел да се најде најдобро решение за истиот. Затоа, Контактирајте нé за да разгораваме за вашите правни потреби што е можно побргу.

 

Благоја Петрески, Адвокат

Благоја Петрески, Адвокат

Благоја е татко и сопруг. Роден е во Помптон Плејнс, Њу Џерзи и моментално живее во Батлер, Њу Џерзи. Од 2017, тој работи како бранител по службена должност во општинскиот суд во Батлер, Њу Џерзи. Благоја соработува со повеќе судови низ различни окрузи низ државата и поседува вештини и знаење да го обезбеди најдобриот можен резултат за своите клиенти. Исто така, тој течно зборува македонски јазик и со гордост му служи на македонското население во правниот систем на Соединетите Држави. Го има положено правoсудниот испит за Њу Џерзи и Њу Јорк. Благоја ја отвори својата канцеларија  во 2017 и од тогаш работи напорно да ги реши проблемите на своите клиенти или да им помогне да ја достигнат посакуваната цел.

Правни лиценци
  • Њу Џерзи, 2012
  • Њу Јорк, 2013
  • Федерална област на Њу Џерзи, 2019
Образование
  • “Seton Hall University School of Law, Newark, New Jersey”
    • Доктор по правни науки, Мај 2012
    • “Seton Hall Law Center for Social Justice, Newark, New Jersey; Immigration Rights/International Human Rights Clinic; Spring 2012”
  • “New York University, New York, New York”
    • Дипломиран Економист, Мај 2008
Професионални здруженија и членства
  • “Morris County Bar Association”
  • “New Jersey Bar Association”
Претходно работно искуство
  • “Law Offices of Fried & Oberndorf, Verona, New Jersey”
    • Соработник адвокат; Април 2015 до Февруари 2017
  • “Porzio Life Sciences, Morristown, New Jersey”
    • Специјалист во областа на финасиските услуги, Јуни 2014 до Април 2015

 

Марија Петрески, Правен асистент

Марија Петрески, Правен асистент

Образование

“Paralegal Studies, Fairleigh Dickinson University, Teaneck, New Jersey”

  • “Paralegal Certification, September 2015”

Универзитет Св. Кирил и Методиј, Филолошки Факултет Блаже Конески, Скопје, Република Македонија

  • Катедра за Преведување и Толкување (Англиски и Германски Јазик), Август 2013
Претходно искуство

“Litigation Paralegal – Scura, Wigfield, Heyer, Stevens & Cammarota LLP, Декември 2014 – Ноември 2017”

Јазици

Македонски и Англиски јазик